Бислимовски: ДПМНЕ и Левица ги блокираат платите на вработените во градинките, училишта и администрацијата во Карпош

од Nikola Popovski
230 прегледи

Поради блокадите на ДПМНЕ и Левица загрозена е работата на градинките, училиштата и администрацијата на општина Карпош. Целото функционирање на општината е загрозено поради неразумните деструкции на ДПМНЕ и Левица по налог на Христијан Мицкоски, вели Владимир Бислимовски, советник во Советот на Општина Карпош од редовите на СДСМ.

На последната седница на Советот на општина Карпош, вели тој, ДПМНЕ и Левица не само што го блокираа донесувањето на Буџетот туку ја блокираа и одлуката за времено финансирање.

-Со ова вработените градинките, училиштата, администрацијата во Карпош, вработените кои се грижат да водоводите, хигиената, одржување на локалните институции не може да земат плата. Со што овие луѓе им згрешија на Мицкоски, ДПМНЕ и Левица па вака да ги казнуваат? Затоа е и овој протест денеска на дел од вработените, кои се соочуваат среде празници да бидат без пари, да не можат да си ги платат сметките, да не можат да одвијат за своите деца.

Ова што го прават ДПМНЕ, Левица и Мицкоски не е политика, смета Бислимовски.

Слични содржини