Бислимовски повика на штедење на струјата: Не само во домаќинствата, туку и во јавните институции и компании

од Nikola Popovski

Имаме повеќе јавни кампањаи од компании кои што се занимаваат со енергетска дејност. Тие се обврзани согласно Законот за енергетска ефикасност да штедат. Секогаш го препорачувам штедењето, насекаде каде што може, изјави првиот човек на РКЕ, Марко Бислимовски по средбата со Јанез Копач, претседателот на Комитетот на Европската енергетска заедница.

Според него, штедењето на струјата треба да има и во домаќинствата, не само во јавните институции и компаниите.

За тоа колкава би била цената на струјата после Нова Година, Бислимовски вели дека ќе ја информираат јавноста какви ќе видат очекувањата врз нова на реалните трошоци што ги имаат компаниите, кои што воопшто не зависат од случувањата во Македонија.

-РКЕ од 2019 не ја определува цената. Оттогаш има тренд на намалување, затоа што ние регулираме за пренос и дистрибуција. Како Регулаторна комисија секогаш инсистираме на ефикасно работење на компаниите и да се води сметка за оптималност на трошоците, потенцира Бислимовски.

Слични содржини