Бислимовски: Во овој момент не знаеме колку ќе биде цената на струјата

од Nikola Popovski

„РКЕ минатата недела ги доби барањата од компаниите, на кој што им ја определува цената, а тоа се МЕПСО, Електродистрибуција и ЕВН Хоум. Во овој момент не можеме да кажеме колку ќе биде цената на електричната енергија“, вели директорот на РКЕ, Марко Бислимовски за емисијата „Економија“ на ТВ Алсат.

Тој наведе дека РКЕ одредува цена за мрежни услуги, пренос на електрична енергија на МЕПСО и тие бараат зголемување од 143 проценти.

„Тоа е неприфатливо за РКЕ. Колку ќе покажат реалните податоци, толку ќе одредиме“, додава Бислимовски.

Слични содржини