„За сите нас и нашата држава посакувам да ја зголемиме довербата и поддршката едни за други, да веруваме во моќта на малите позитивни промени, кои доколку секој од нас во своето опкружување ги направи, собрани на куп ќе бидат движечката сила за развојот на нашата земја“, вели во своето обраќање кон граѓаните вицепремиерот Фатмир Битиќи.
„Цврсто верувам во нашите здрави капацитети, и мојата верба во нив се засили во овие последни кризни години. Социјалдемократските вредности, солидарноста и почитувањето на различностите, се нашиот штит против неправдата, нееднаквоста и сиромаштијата.
Развојот не е конечна дестинација, туку процес на постојано подобрување и унапредување.
Затоа во следната 2023-та но и во годините кои следат, заедно, ќе одиме напред кон Европската Унија и заедно ќе ја градиме нашата земја. Сите ние, заедно, за нашата татковина“, истакна тој.