Битиќи: Државата се грижи и за лицата кои биле дел од неформалната економија и останале без приходи

од Берта Китинска
163 прегледи

Владата на Република Северна Македонија е со вас во овие тешки мигови. Економските ефекти на коронавирусот ги чувствуваме апсолутно сите. Но, запомнете, ние сме тука за вас и заедно ќе го изодиме овој тежок пат. Владата има јасна цел во оваа глобална криза, а тоа е спас на секое работно место и на секоја компанија, изјави на  прес-конфереција Фатмир Битиќи, претседател на Комисијата за финансии на СДСМ.

Тој додаде дека веќе се реализира вториот пакет на економски мерки кој вклучува 14.500 денари месечно по вработен.

Помош за спортисти од 14.500 денари, помош за уметници и паричен надоместок за граѓаните што останале без работа поради кризата.Државата се грижи и за лицата кои биле дел од неформалната економија и останале без приходи а се запира и законот за извршување до крајот на јуни, вели Битиќи.

Тој додава дека се забрането  отварање на стечајна постапка,  а отворен е и солидарен фонд за помош на граѓаните погодени од кризата.

-Би сакал да ве информирам и дека веќе се одобрени 254 кредити за мали, микро и средни компании од бескаматната кредитна линија на Развојната банка. За големата заинтересираност за оваа мерка покажува и фактот што досега поднесени и во фаза на разгледување до Развојната банка се над 1.050 барања за бескаматни кредити.Со цел да ви помогнеме во надминување на последицит еод кризата, Владата донесе и Уредба со законска сила за примена на законот за данокот на личен доход за време на вонредна состојба. Со оваа Уредба се предвидува ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход за месеците март, април и мај 2020 година, вели Битиќи.

Истовремено, донесена е и Уредба која обезбедува ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данок на добивка за месеците март, април и мај 2020 година.

-Ослободувањето од плаќање на аконтациите на данок на добивка се однесува на правните лица кои вршат угостителска дејност, дејност на туризам или транспорт и други компании кои имаат претрпено штети во своето работење поради спроведување на мерките за справување со КОВИД–19.Критериумите за оваа помош се строго дефинирани и истите важат за сите, додаде тој.

Слични содржини