Битиќи: Фирмите кои нема да ги исплатат платите, ќе добијат прекршочна казна и ќе треба да ги вратат парите

од Берта Китинска

Фирмите кои еднаш ја злоупотребиле државната помош добиле кривична пријава, а истите компании ги имаат подмирено обврските, може повторно да аплицираат, изајви во Студио 10 на тв 24.

-Тие кои нема да ги исплатат платите, ќе добијат прекршочна казна и кривична пријава и ќе треба да ги вратат парите, рече Битиќи. Во исплатата на плати има дополнителен механизам, дека износот на финансиската поддршка, фирмите се должни да ја исплатат најмалку минималната плата.

Во врска со назначувањето на директорите на јавните институции, Битиќи се осврна на самиот избор во услови на непостоење на конкурси. Тој вели дека има конкурси кои се објавуваат и сите одлуки се поврзани со поставување на в.д. директори.

Во однос на процесот на приватизацијата на Македонска пошта и други компании кои се дел од тој процес, Битиќи рече во наредните три месеци се очекува резултат за компаниите кои ќе се понудата на продажба. Словенците рекоа дека размислувале за Македонска пошта, но имале сопствен пример за реструктуирање на сопствената пошта.

„Ние и во бившиот систем секогаш гледавме на државното како туѓо и денес денеска на државното гледаме како туѓо, не го гледаме како наше и затоа така се однесуваме.“ – рече Битиќи.

 

loading...

Слични содржини