200
Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и поранешниот премиер Зоран Заев, според официјалната агенда, ќе бидат дел од конференцијата на „Економист“, односно 26-та тркалезна маса со грчката Влада.
Тридневната конференција што традиционално секоја година се одржува во Атина започнува утрово со обраќања на претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, претседателот на Украина Володимир Зеленски и претседателката на Молдавија Маја Санду.