Битиќи: Имаме зголемени капитални инвестиции за скоро 100 милиони евра

од Nikola Popovski

„После најмалку 20 години имаме ребаланс на буџетот, во кој што наспроти намалувањата на капиталните инвестиции, ние имаме зголемување на повеќе од 27 проценти“, изјави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во интервју за емисијата „Вин-вин“.

„Замислете, една влада која што велат дека сакала да поткупи гласачи, има зголемени капитални инвестиции за скоро 100 милиони евра. Па каква е таа влада? Ете затоа сме различни од претходната“, додава Битиќи.

Тој ги повика сите што се сомневаат, да дојдат во Владата на 1-ви јули, за да седнат и да видат дека ќе им се одземат на сите институции кои што немаат соодветна алокација.

„Тоа се механизми, кои се поставуваат. Тоа се новини“, потенцира вицепремиерот.

Слични содржини