Битиќи: КОВИД акцизата нема да донесе ценовен шок

од Берта Китинска
502 прегледи

Сегашното благо покачување на цената е оправдано бидејќи доаѓа во период кога се бориме со пандемијата КОВИД 19 . Зголемувањето на акцизата е привремена мерка – дури можам да ја наречам КОВИД акциза, воедно со собраните средствата од неа ќе се искористат за поддршка на стопанството, поддршка на здравстениот систем и работници, полицијата, објаснува за Локално, Фатмир Битиќи, претседателот на економската комисија на СДСМ.

Во однос на тоа дали со ваквата одлука ќе имаме ценовен шок и растење на цените на други производи, претседателот на економската комисија на СДСМ смета дека нема да има никакви промени.

За обвинувањата на опозицијата дека ова не е одлука за помош на стопанството туку враќање на времињата на транзицијата, Битиќи смета дека овие изјави се за држење на дневна политичка агенда.

-Сегашното благо покачување на цената на дериватите заради покачување на акцизата прво сметам дека доаѓа во период кога борбата со Пандемијата КОВИД е најоштра, како од здравстевне аспект така и економски. Затоа сметам дека таа е оправдано, од две причини:

Прво, зголемувањето на акцизата е привремена мерка – дури можам да ја наречам КОВИД акциза. Висината на акцизата ќе биде условена од цената на нафтата на светските берза, односно, во вонредна состојба на сегашната акциза се наплаќаат дополнително 3 денари, 2 денари или 0 денари согласно движењата на цената на нафтата на странските берзи. Согласно уредбата, во случај цената на нафтата да е под 400 долари по тон, средна берзанска цена на котација „Mediterranean cargoes FOB (Italy)“, како што е сега, тогаш ќе се пресметуваат дополнителни 3 денари на постојната акцизата. Ако цената е од 400 до 600 долари за тон, ќе се пресметува 2 денари покачување на акцизата. Ако пак цената се врати на нивото од над 600 долари од тон, како што беше на почеток на годината, тогаш нема да се пресметува покачување на акцизата, односно ќе биде 0 денари.

И втора причина е што на приходната страна креира нови дополнителни приходи кои секако се добродојдени во борбата против пандемијата КОВИД 19 и ефектите од нејзе. Средствата секако ќе се користат за поддршка на стопанството, поддршка на здравстениот систем и работници, полицијата. Тие кој што во суштина се најпогодени во овој момент и тие кој што се грижат за нас, објаснува Битиќи.

На прашањето дали оваа нова мерка ќе предизвика ценовен шок Битиќи , смета дека нема да има никаки големи промени на цените.

-Искрено не сметам дека значително ниту еден сектор нема да биде погоден, особено што оваа мерка е нужна донесена во време на вонредни услови, кога плановите на сите чинители од сите дејности се веќе донесени и испланирани со цени кои што беа во Јануари,а повторувам тие биле 40% повисоки од денеска. Во овој момент, и со покачувањето на акцизата од вупно 3% на сегашната цена, цените на дериватите се за 37% пониски од тие во Јануари. Затоа велам дека нема да има никаков ценовен шок, ниту растење на цените. Ако тоа се случи сметам дека ќе биде вештачко направено, и искрено сметам дека треба да се интевенира со нивнан евентуална регулација. Во ова систуација е исто легитимно прашањето, зошто не се намалија цените на продуктите за 40% откако беше намалена цената на дериватите на нафта, туку напротив, со започнување на пандемијата видовме дека имаше обиди за зголемување на цените на одредени продкути.

Обвинувањата на опозицијата дека ова не е одлука за помош на стопанството туку враќање на времињата на транзицијата, Битиќи смета дека овие изјави се за држење на дневна политичка агенда.

-Ние сме докажале дека оваа влада, е влада која што се грижи за сите: и за граѓаните, и за стопанствениците, и за целокупниот систем во државата, впрочем се грижи за државата, онака како што сите посакуваме. Затоа со првиот и вторито сет на мерки се издвојија приближно 200 милиони евра, за директна помош во стопанството и секојдневно се планира за нова помош која ќе им помогне не само на стопанствениците на осптојат и да ја врата нивната економска активност, туку и да се задржат сите работни места, вели Битиќи.

Б.М

Слични содржини