Битиќи: Обезбедуваме поддршка за да ја задржиме ивент индустријата жива

од Vladimir Zorba

Не станува збор за поддршка за да се седи под клуч во услови на пандемија, туку обратно – овозможуваме буџет кој ќе ја држи оваа економска гранка жива, активна, за да се создава содржина, да зрачат овие оператори во етер, да се продуцира нова програма и секако тие содржини да доаѓаат до граѓаните, до различните публики, до народот, вели вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи за „Слободен печат“.

Новиот предлог не вклучува строги ограничувања во формата, туку ќе се поддржи секаков тип настани од јавен карактер, од концерти до изложби, претстави, проекции, јавни предавања, фестивали, свечености.

Слични содржини