Битиќи: Просечната плата во Телеперформанс е околу 700 евра

од Nikola Popovski

Новиот центар за поддршка на корисници на компанијата Филип Морис, кој е формиран во рамки на компанијата Телеперформанс и во кој ќе бидат отворени 50 нови работни места – дава убава можност за започнување или развивање на кариерата на младите лица во нашата земја, информира вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Според него, со овие вработувања Телеперформанс ќе достигне бројка од 350 вработени, а за поздравување е што просечната плата во оваа компанија е околу 700 евра, а просечната старост на вработените е околу 28 години.

-Продолжуваме да создаваме работни места за младите луѓе, продолжуваме со креирање на подобро платени работни места за сите граѓани, стои во објавата на вицепремиерот.

Слични содржини