Битиќи: Процесот на креирање на мерките е целосно инклузивен, не доцниме со четвртиот пакет

од Nikola Popovski

Не доцниме со четвртиот пакет мерки за ублажување на последиците од Ковид кризата, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Во одговор на новинарско прашање, Бетиќи истакна дека процесот на креирање на мерките е целосно инклузивен и оти се разговара со коморите, синдикатите и со граѓаните со цел да се увиди како ќе биде најдобро секој денар на најадекватен начин да се адресира.

– Се подготвуваме за период од годината во кој очекувањето на светско ниво е дека ќе има нов бран кој можеби ќе има нови поголеми последици врз стопанството. Показателите укажуваат дека четвртиот квартал ќе биде клучен за надминување на економската криза годинава. Затоа мерките ќе бидат поткрепени со законски акти и ќе дојдат во момент кога на стопанствениците и на работниците. Со подготовките што ги правиме, сме во финална фаза, нагласи Битиќи.

Тој соопшти дека пристапот и на претходната Влада, и на оваа Влада, е ист.

-Секој граѓанин е еднаков и добива еднакви можности и еднаков третман. Мислам дека е неблагодарно да целиме јавните пари да се делат по етничка основа. Дали навистина за едно болно дете ќе треба да прашаме дали тоа дете е Албанец, Турчин или Македонец и така да ги даваме парите. Мислам дека во едно правично општество, тоа треба да го заборавиме. Единствен пристап треба да биде јавните средства да стигнуваат таму каде што е потребно, потенцира Битиќи.

Додаде дека нема првични проценки колку пари би биле потребни за реализација на етничката застапеност во приватните фирми.

Слични содржини