Битиќи: Скопјани да не се грижат, ќе биде испорачана топлинска енергија

од Nikola Popovski

Скопје нема да остане без парно греење, информира на прес-конференција вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

-Според Законот за енергетика, БЕГ мора да ги исполнува своите обврски се додека не се назначи нов економски оператор. Владата задолжи процедура за постапка за избор на нов оператор кој ќе управува со топлинската енергија во главниот град. Знаеме дека имаме компанија во сопственост на Градот Скопје и тие може да се појават на повикт и да ги преземат своите надлежности, но може и било која компанија да го направи истото, рече Битиќи.

Според него, во моментов е важно процесот да заврши на време и на транспарентен начин.

-Граѓаните да не се грижат, ќе биде испорачана топлинска енергија за скопјани, како што го направивме и во претходниот период. Дали БЕГ или било кој друг има договори за гас е помалку важно од дали ќе има топлинска енергија или не, подвлече Битиќи.

Слични содржини