Битиќи: СОНК да го прекине штрајкот и да се врати на преговарачка маса

од Берта Китинска
168 прегледи

Преговорите со СОНК се таму каде што беа пред да започне штрајкот. Еве денеска ќе ги повикам. СОНК ја прати пораката. За жал, децата се тие коишто ја плаќаат највисоката цена. Сметам дека СОНК би требало да го прекине штрајкот и да се врати на преговарачка маса со сите други чинители и социјални партнери, изјави вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи по посетата на компанијата „Костел“ во Охрид.

Владата, посочи, има тело, Економско-социјален совет, преку кој може да разговараат и за барањето на СОНК, т.е. барањата во образованието, но и во други сектори.

– Решенија се наоѓаат на маса, но без никаков ултиматум и без никакви крајни моменти како што видовме дека СОНК сакаше да го направи, додаде Битиќи.

Членовите на СОНК во училиштата и детските градинки трет ден се во штрајк, поради барањето за зголемување на платите.

Слични содржини