Битиќи: Воспоставувањето на стопанска комора помеѓу Швајцарија и С. Македонија отвора нови можности за економска соработка

од Vladimir Zorba

Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, кој е во неколкудневна посета во Цирих, Швајцарска Конфедерација, за време на службената посета оствари средби со претставници на политичкиот и економскиот живот во оваа земја пришто се разговараше за воспоставување на заедничка стопанска комора, а воедно беа презентирани и можностите и поволностите за инвестирање во нашата земја пред повеќе швајцарски компании.

Вицепремиерот Битиќи посредуваше во воспоставувањето на Македонско-Швајцарска стопанска комора, со која ќе се допринесе за интензивирање на економската соработка помеѓу Република Северна Македонија и Швајцарската Конфедерација.

„Со воспоставување на стопанската комора, економската соработка помеѓу Република Северна Македонија и Швајцарија ќе се развива со поголем интензитет, а со тоа и ќе се создадат многу нови можности за идни соработки и реализации”, посочи Битиќи.

На средбата беа дискутирани и можностите за пласирање на домашните производи и компании на швајцарскиот пазар.

„За првпат во историјата на нашите билатерални односи, се конкретизираат нашите заложби и напори за поголема економска соработка преку воспоставување на билатерални односи. Стопанската комора, која ќе има оперативини канцеларии во двете земји, ќе претставува нов мост кој ќе ги зацрвсти и продлабочи економските реалации помеѓу двете земји”, потенцираше Битиќи.

Во средбите со претставници на швајцарските компании, вицепремиерот Битиќи ги презентираше поволностите и можностите за инвестирање кои се нудат преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции и Законот за стратешки инвестиции, пришто од страна на претставниците на швајцарските компании е искажан првичен интерес за инвестирање во нашата земја.

Слични содржини