Битиќи: Вработувањето под етнички клуч не може да одговара на една модерна развојна економија

од Берта Китинска
431 прегледи

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи тврди дека новата мерка за субвенционирање при вработување на Албанци не може да одговори на една модерна развојна економија.

-Во овој момент треба да се фокусирам за развојот на економијата. Во програмата напишано е дека Владата ќе ги осигура афирмативните мерки за категории на граѓани со различности во нашата економија, јас тврдам дека стојам за тоа дека вработувањето под етнички клуч не може да одговори на една модерна развојна економија, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во интервју за емисијата Трилинг.

Тој напомена дека ќе има ребаланс на буџетот поради  новиот пакет антикризни мерки и државата и повторно  ќе се задолжи.

Слични содржини