Битиќи: Еден од четворицата кандидати за лидер на СДСМ води лична битка

од Nikola Popovski
1,9K прегледи

Поранешниот вицепремиер и сегашен пратеник, Фатмир Битиќи смета дека еден од кандидатите за лидер на СДСМ не верува целосно во вредностите на СДСМ и иделогијата и, како што вели, заборава дека ова не е лична битка.

-Ова е битка за партијата, за државотворна партија која покажала низ децении дека се грижи за сите. Не многу, еден од четворицата. Луѓе кои претходно бојкотирале или воопшто не ги поддржувале партиските активности, а секогаш добивале од нејзе, не може да претендираат за претседателскиот врв, изјавил Битиќи во интервју за „РСЕ“.

Тој вели дека секојдневно размислува за можното водење на социјалдемократите, но истакна дека смета дека на партијата моментално не и се потребни дополнителни поделби и групирања.

„ВМРО-ДПМНЕ признава дека сме направиле добра тендерска постапка бидејќи сме успеале да ја намалиме маржата на добивка која ЕВН ја тарифира кон граѓаните, секако бидејќи е наш резултат и исход од доброто работење ќе го поддржиме тој закон, бидејќи сметам дека се што е добро за граѓаните ќе треба да се поддржи“, додава Битиќи во интервјуто.

Коментирајќи го раздвојувањето на енергетиката и економијата, Битиќи оценува дека начинот на кој е направено ќе значи враќање во времињата на нетранспарентност и отчетност во владеењето од оваа структура на луѓе.

Членовите на СДСМ на 30-ти јуни ќе бираат меѓу Славјанка Петровска, Јован Деспотовски, Венко Филипче и Александар Бајдевски кои се на секојдневни средби низ градовите во Македонија во битка по гласови.

Слични содржини