Северна Македонија ја ужива целосната поддршка на САД за нејзините стратешки политики за полноправно членство на земјата во ЕУ, изјави Зменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи како сублимат на неговиот престој во САД каде се сретна со високи претставници на Стејт департментот, Департментот за трговија и Департментот за финансии на САД, како и со претставници на Светската банка и ММФ.
„Заеднички беше оценето дека европска интеграцијата, не претставува само за усогласување со збир на политики, туку се работи и за прифаќање на иднина која ќе донесе многу повеќе можности за просперитет и напредок за секој од нас во Северна Македонија. Во нашите европски аспирации кои ги зајакнуваат идеалите на демократијата и просперитетот имаме силна поддршка од Вашингтон, но одлуката дали ќе изградиме држава која ќе ги отелотворува европските вредности ќе треба да се донесе од пратениците во Собранието на Република Северна Македонија”, изјави Битиќи.
Вицепремиерот Битиќи во неговата изјава го потенцираше признанието и охрабрувањето на американските власти за нашата забрзана енергетска диверзификација и транзиција кон обновливи извори.
„Подеднакво значајно е и признанието, охрабрувањето што го добивме за нашата забрзана енергетска диверзификација и транзиција кон обновливи извори, со која правиме скок нанапред во однос на одговорноста за животната средина и создаваме нови економски можности кои ќе значат повеќе и добро платени работни места за нашите граѓани, помали трошоци за енергија, посилна и поотпорна економија на енергетски кризи. Станува збор за создавање на енергетски одржлива економска иднина, во чие создавање сме и ќе бидеме поддржани од САД и меѓународните финансиски институции”, изјави Битиќи.
На средбите во САД, високите политички претставници на американската администрација ја потврдиjа соработката и споделувањето на заеднички политички вредности, интереси и цели на глобалната сена.
„Ова стратешко партнерство, втемелено во одличните билатерални односи и сојузништвото во НАТО, не само што ја зајакнува геополитичката положба на Северна Македонија, туку преку продлабочување на економските односи ќе отвори нови и одржливи извори на економскиот раст и развој, технолошкиот напредок и просперитетот на државата”, изјави зменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.