Битиќи пред бизнис заедницата на Финска: Имаме цврста институционална рамка која за бизнисите нуди предвидливост и силна поддршка

од Vladimir Zorba
198 прегледи

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, се обрати на отварањето на Бизнис форумот „Северна Македонија-Финска” со кој се одбележува јубилејот 30 години дипломатски односи меѓу Северна Македонија и Финска.„.

Во неговото обраќање пред Амбасадоре на Република Финска, Кимо Ладеверта, Почесениот конзул на Финска, Светозар Јаневски, потпретседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Зоран Јаневски, и претставниците и претставничките на бизнис заедницата на двете земји. вицепремиерот Битиќи рече дека одбележувањето на 30 години од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу Северна Македонија и Финска зборува за високо ниво на меѓусебна политичка доверба и разбирање, без отворени прашања или билатерални проблеми, кои може да се стават во функција на понатамошно унапредување и продлабочување на економската соработка помеѓу двете земји, со посебен акцент на инвестициите.

За вицепремиерот Битиќи, поттикот на интерес за реализација на инвестиции во нашата земја може да ги интензивира економските врски и да создаде можности за заемно корисни партнерства помеѓу бизнис заедниците во двете земји.

„Од 2018 година, кога е усвоен Планот за економски раст, обезбедуваме транспарентна и цврста поддршка за компаниите кои работат или сакаат да инвестираат во нашата земја. Просторот за дискриминација или волунтаристички пристап на било кој носител на политичка моќ, е целосно затворен. Имаме цврста институционална рамка кој за вашите бизнис нуди предвидливост и силна поддршка, која вклучува различни мерки кои обезбедуваат субвенции за креирање на нови работни места, субвенции во делот на капиталните инвестиции, за реализација на инвестициски проекти за истражување и развој, каде тие изнесуваат 50% од прифатливите трошоци, како и поддршка во извозот”, рече Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи во неговото обраќање се осврна и на националните цели на Северна Македонија во привлекувањето на нови странски инвестиции преку нивно поддржување во развивањето на деловни односи со домашни компании, поради што преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции се обезбедува финансиска поддршка за воспоставување и унапредување на соработката со добавувачи од нашата земја.

„Оваа мерка нека биде дополнителен мотив за успешно вмрежување на фински и македонски компании на денешниот Бизнис форум. Освен фокусот на создавање на атрактивна деловна средина за нови странски инвестиции, посветени сме и на засилување на глобалната конкурентност на домашните компании. Владата обезбедува поддршка за локаните компании во делот на надоградба на нивните капацитети за интегрирање во глобалните вредносни синџири, односно на нивната способност да креираат дополнителна вредност не само на домашниот пазар, тука и на регионалните и глобални пазари”, рече Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи подвлече дека во делот на градење на стабилно и правно втемелено деловно опкружување за нови инвестиции, Северна Македонија оди чекор напред со обезбедување на дополнителни меѓународно правни механизми на бизнис секторот.

„Нашата држава потписничка е на мултилатерални конвенции за заштита на странските инвеститори и е дел од голем број на билатерални договори за заштита на инвестициите. Владата го гради имиџот на Северна Македонија како атрактивна дестинација за странски инвеститори и преку транспарентни правни процедури и обезбедување на континуирана институционална поддршка во текот на реализацијата на целокупниот инвестициски просец”, порача Битиќи.

За вицепремиерот Битиќи, конкурентните трошоци за работна сила, ниските даноци и стимулативните политики за странски инвестиции, нашата земја ја поставија на високо место на мапата на пожелни месата за инвестирање, и според последното годишно рангирање на Светската банка, економијата на Северна Македонија е рангирана како 17 од 190 економии во светот во однос на леснотијата на водење на бизнис.

„Дека ова не се само празни зборови или рејтинзи, зборува и податокот дека минатата 2022 година, која е оценета како кризна, нашата држава оствари рекордни 753 милиони евра странски инвестиции, што укажува дека ние сме стимулативна, доверлива, поддржувачка и предвидлива економијата за странскиот капитал”, рече Битиќи и ја потенцира политичката стабилност како важен аргумент за странските инвеститори.

„Политичката стабилност е уште еден аргумент кој го нудиме на странските инвеститори. Северна Македонија е полноправна членка на најголемиот и најмоќниот безбедносен сојуз на светот, НАТО, а посветени и неуморни сме на патот за станеме полноправна земја членка на ЕУ. Со неодамнешното пристапување во НАТО, Финска стана и наш безбедносен сојузник, што може да биде мотив плус за економски сојузништва, за нови деловни релации и продлабочена комерцијалната соработка помеѓу бизнис секторите во двете земји”, рече Битиќи.

На крајот во својот говор, вицепремиерот Битиќи го искажа своето уверување дека овој Бизнис форум ќе создаде шанса, преку дијалог помеѓу претставниците на двете стопанства, да се разменат искуства, но и да се споделат вредности кои се од особено значење за одржливиот раст и развој на економиите во 21 век.

„Поттикнувањето на културата на истражување и развој, дигитализацијата, образованието и вештините, градењето на свесност за социјалната благосостојба и еднаквоста во општество, одржливите практики во секторите на чиста технологија и обновливи извори на енергија, културата на соработка помеѓу јавниот и приватниот сектор, кооперативноста на академската средина и индустријата, рамнотежата помеѓу работата и животот, благосостојбата на вработените, се само дел од вредностите кои имаат обединувачки потенцијал за македонската и финската економија, а кој искрено се надевам дека ќе биде искористен и конкретизиран во нови деловни партнерства и инвестиции”, рече заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

Слични содржини