Битиќи: Сите пензионери од ранливите категории ќе имаат дополнителна помош со последниот пакет мерки

од Nikola Popovski

„Се грижиме за тие што се во пензискиот фонд. Одлуката е, наредната недела мислам дека ќе сме готови со антикризните мерки ќе бидат опфатени сите пензионери од ранливите категории на пензии до просечна плата со дополнителна помош која ќе им биде дадена во наредните неколку месеци“ рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во „Утрински печат“.

Тој додаде дека пензионерите од ранливите категории ваква помош ќе добиваат најмалку до април месец идната година.

„Ние направивме неколку категории на пензионери, пензионери под 14.000, кои што примаат до 14.000, до 16.000 и до 19.000 денари. Овие ќе добијат дополнителен финансиски додаток како што работната група преговараше. Ќе добијат фиксен додаток“ рече Битиќи.

Вицепремиерот додаде дека различните категории ќе добијат различни износи на помош и исто така кажа дека се продолжува со мерката енергетски додаток за ранливите категории за социјалните пензии.

Слични содржини