Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи вели дека не сака да прави споредби за евентуален режим во Македонија со режимите во Венецуела или Иран. Порача дека не живеел ниту во Венецуела ниту во Иран и дека не знае под каков режим живееле. Истакнува дека се споредува со „владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и режимот во времето на екс-премиерот Никола Груевски“.
-Оваа Влада помалку почнува да биде пре автократска и дури задира во елементи кои што не носат кон режим кој наликува на сценариото на Никола Груевски и времето на ВМРО-ДПМНЕ. Јас не споредувам со Вучиќ и Орбан и не треба да споредуваме кога го имаме нивниот ментор Груевски. Таа е истата политичка партија и не е сменета. Искрено сметам дека истиот начин на владеење ќе дојде малку покасно. За првпат се случува во поновата историја на независноста на Македонија, ние да добиеме резолуција во која што гласот на опозицијата се забранува. Најдете една демократска земја во која власта носи резолуција во која што вели дека слободата на говор (опозицијата) не треба тоа да го зборува, рече Битиќи во емисијата „Само интервју“.
-Секој еден режом е лош. Ние сме општество во кое што сме живееле, работеле и сме се бореле против тој режим во 12-те години владеење на Груевски. Ако во првите две години, сите постапки на тоа што сме го поминале, нормално е да кажеш да не станеме тоа. Сите елементи тоа го покажуваат, додаде пратеникот од редовите на опозициската партија.