Малото место Шенген со 600 жители, лежи на тромеѓето на Луксембург, Франција и Германија. Локалните жители одат во Франција на забава, а во Германија на пазарување. Дали случајно е одбрано, но кога на брод што плови по реката Мозел во 1985 година беше потпишан Шенгенскиот договор, ова гратче стана симбол на европската слобода – патување без пасош и лична карта. 655-402-migranti-gyrciia-makedoniia

Локалните жители на селото се свесни дека ЕУ денес се бори да го одржи овој начин на живот, соочена со најголемата мигрантска криза по Втората светска војна. Дали Шенген ќе остане без „Шенген‟?

Што се однесува до европската десница, договорот веќе е закопан. За Марин Ле Пен, ЕУ е политичка и човечка измама. Нејзиниот италијански колега Матео Салвини се прослави зборувајќи: „Кога левичарска влада како во Шведска, ќе одлучи да протера 80.000 луѓе, бидејќи не им е одобрен азил, тоа значи дека Шенгенот е мртов‟.

Додека со бодликава жица ја делат Европа, откако дури седум држави ги затворија границите, се зборува за ограничување на слободата на движење на две години. Секоја членка на шест месеци би можела еднострано да воведе гранични контроли, со можност за продолжување на оваа мерка на две години.

Европа се соочува со еден од најголемите предизвици до сега, но Шенгенскиот договор, вграден во темелите на ЕУ, премногу е значаен за да падне туку така. ЕУ пред се е економска заедница и функционира затоа што нема граници.

Се проценува дека економските трошоци од падот на „шенгенската зона‟ во следната деценија ќе достигнат 1,4 билиони евра.

Минатата недела претседателот на Европскиот совет Доналд Туск порача од Загреб дека почитувањето на шенгенските правила нема алтернатива.

По неколку дена АФП објави дека ЕУ има „нацрт план‟ за повторна примена на „шенгенската зона‟ на слободното движење. Дали тоа значи дека Европа се согласила со тоа дека подигнувањето на огради не е вистински пат?

Дали со оваа одлука се порачува дека заедно и силно без егоизам ќе се борат за „Шенгенот‟, како што советуваше Дитмар Нитан, социјалдемократски пратеник на Бундестагот?

АФП наведе дека борбениот план со целосно враќање на отворените граници подразбира итно основање на систем на крајбрежна стража на ЕУ и јакнење на надворешните граници на Грција, кои се главни точки за влез на бегалците и мигрантите во Европа.

– Ако сето ова пропадне и биде неопходно воведување на гранични контроли, тоа би значело уривање на централниот столб на процесот на обединувањето на ЕУ, се наведува во документот.

А што е Европа, ако не живее како селото Шенген?

Политика – Белград

Слични содржини