Битно е само Путин и Ердоган да ги бројат еврата од гасот…

од desk3
88 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин конечно го постигна она што упорно сакаше во последните неколку години – рута за транзит на природен гас кон Европа, кој ќе ја опкружува Украина, пишува American Interest.

putin
Путин потпиша договор со турскиот колега Реџеп Ердоган во Истанбул претходно оваа недела, според кој годишно повеќе од 30 милијарди м3 гас ќе бидат испратени кон Турција. Овие количини ќе поминуваат низ две паралелни цевки, кои ќе бидат положени по дното на Црното Море, како и двете ќе бидат управувани од “Газпром”.
Едната ќе ја снабдува Турција со гас со попуст во цената, додека другата ќе снабдува други европски клиенти. Да ги разгледаме овие цевки една по една. Првата, која ќе заврши во Турција, е плод на стоплувањето на односите меѓу Путин и Ердоган по период од зголемена тензија меѓу нив по соборувањето на рускиот воен авион крај турската граница со Сирија пред една година. Но тоа не е најголемата приказна тука.
Она што Кремљ го цели, е поголем пристап до најважниот пазар: Европа. Оваа потреба е толку голема што Русија се стремеше не кон една, туку кон две алтернативи за своите цевки, кои минуваат низ Украина. Едната на север – “Северен поток 2”, кој достигнува до Германија во Балтичкото Море, и јужната алтернатива “Турски поток”.
Самиот “Турски поток” беше изготвен откако Путин го прекина проектот за “Јужен поток”, бидејќи Брисел ја отежна работата по него поради загриженост дека тоа ќе ја направи ЕУ премногу зависна од руските гасни испораки.
Една од причините што Русија толку агресивно се стреми кон овие алтернативни правци кон Европа е поврзана со зголемениот притисок кој таа го чувствува од вестите за испораките на течен природен гас. Австралија, САД и Катар придонесуваат за презаситениот пазар на течен гас и цените се намалија значително.
Европа би сакала да го зголеми увозот на овој тип суровина како начин да ја намали зависноста од рускиот дотур. “Гаспром” знае ова и ова лето започна да работи на изготвување на поудобнп договори за своите европски клиенти, за да го задржи пазарниот удел во континентот. И така стана – повеќе слатките договори и простиот систем за снабдување на гас, кој гасоводите го претставуваат, може да имаат ефект на краток и среден рок. Но цевководната политика сеуште не е стивнала. На долг рок картите може да бидат наредени против Русија, колку и да се масивни инфраструктурните инвестиции кои таа ги презема.