Денес во Кишињев, градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска беше учесник на 16. Генерално собрание на Мрежата на асоцијации на локални самоуправи од Југоисточна Европа.
Во рамки на состанокот, фокусот бил ставен на „Инклузивниот локален економски развој“, а Петровска во своето излагање, се осврна на влијанието на пандемијата врз работните обврски на жените, како и помошта, која Општина Битола ја дава при реализација на програми за вработување со практични примери.
„Во Северна Македонија од 10 најпогодени сектори и според падот на невработеност и според падот на плати, само во 2 сектора жените се над 50 насто. Иако најпогодените сектори се доминантно машки, отпуштањата од работа во земјата генерално се покажаа побројни кај жените“, посочи Петровска.