Македонската државјанка Мартина Н. (29) загина, а трите девојки кои биле со неа во автомобилот се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера на автопатот Игнација во правец кон Солун, Република Грција.
-Ве известуваме дека во 12 часот (локално време) на автопатот Игнација во Република Грција се случила тешка сообраќајна несреќа во која загина М.Н. (29), државјанка на Република Северна Македонија. Во несреќата се повредени уште три лица – А.К. (24) и М.Р. (24), која се здобила со тешки телесни повреди и И.Ј. (25) кој поминала со полесни повреди, стои во соопштението на грчката полиција што беше објавено во текот на вчерашниот ден.
Засега не се познати причините како дошло до оваа страшна несреќа.
На Фејсбук групата „Бабам Битола“ е објавен идентитетот на битолчанката која загина во несреќата.
„Мартина, чупе златно, мир да си најдиш. Им посакуваме побрзо закрепнување на останатите три битолчанки…“, пишува под споделената фотографија.
Министерството за надворешни работи информира дека Генералниот конзулат на Северна Македонија во Солун стои на располагање за помош на семејствата на загинатите и повредените македонски државјани.
Според пишувањата, во несреќата со полесни повреди се здобил и 74-годишен маж, кој бил возач на другиот автомобил.
Од видеото објавено на Јутјуб може да се види дека за спасувањето на девојките била потребна интервенција на Противпожарната служба, чии припадници со машина за сечење ги пресекле вратите на возилото и ги извлекле лицата од автомобилот.
Во меѓувреме се огласи и вереникот на македонската државјанка која загина во сообраќајната несреќа.
View this post on Instagram