Битолчанец „дувнал“ 1.91 промили алкохол во крвта

од Nikola Popovski
223 прегледи

Битолската полиција во акциска контрола синоќа фатила повеќе возачи кои возеле под дејство на алкохол, од кои едниот управувал со возилото со 1.91 промили алкохол во крвта.

На 05/06.08.2023 во периодот од 22.00 до 04.00 часот, полициски службеници од СВР Битола спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.

Притоа биле санкционирани 15 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол. За време на контролата биле констатирани и санкционирани и 18 останати прекршоци.

Слични содржини