Битолчанец излетал со „хјундаи“ од пат, тројца повредени

од Vladimir Zorba
309 прегледи

На 01.05.2022 во 15.17 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот од Новаци кон село Брод, патничко возило „хјундаи“, со битолски регистарски ознаки, управувано од 54 годишен битолчанец од Битола, излетало од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и двајца сопатници на возраст од 51 и 38 години, двајцата од Битола, додека третиот сопатник на возраст од 50 години од Битола се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид на местото извршила екипа на СВР Битола.

Слични содржини