СВР Битола информира дека го привела 23-годишниот битолчанец Д. Т. кој откако бил запрен од контрола, ја спуштил рачната кочница од возилото и удрил во полицајка.
Настанот се случил утрово во 3,30 часот на улицата „Ѓорѓи Наумов“. Oткако било запрен, возачот ја спуштил рачната кочница и возилото продолжило да се придвижува и удрило во полициската службеничка, по што тој ѝ се заканувал.
Дваесет и тригодишното лице е приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава, соопштија од полицијата.