Триесет и шестгодишен битолчанец загина во сообраќајна несреќа што се случила рано утрово на магистралниот пат Битола – Прилеп, a според информациите станува збор за познатиот музичар од Битола, тапанарот Горан Јосифовски.
Како што сооштија од СВР Битола, Јосифовски утрово околу 5 часот на магистралниот пат Битола – Прилеп излетал од патот со возилото, додека одел на работа.
„На 17.02.2021 околу 05.25 часот во СВР Битола било пријавено дека на магистралниот пат Битола – Прилеп, патничко возило „комбе“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.Ј.(36) од Битола, излетало од патот. Од здобиените повреди возачот починал на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а во координација со Јавен обвинител телото е предадено на обдукција. Извршен е увид на местото на незгодата од увидна екипа на СВР Битола“, информираат од полицијата.
Јавноста го знае Јосифовски како поранешен член на „Екстра бенд“ и сопруг и татко на две малолетни деца.