Бизарно: Селфи за време на трагедијата во Лондон

од Vladimir Zorba
60 прегледи
На социјалната мрежа Твитер се појави фотографија на која што се гледа човек што прави селфи, меѓу насобраните новинари и фоторепортери, а во позадина минуваат полициски и возила за итна помош.
Додека траеше целата драма во Лондон и луѓето се бореа за своите животи, тој одлучил да го стави својот паметен телефон на селфи стик и да се фотографира, како да се наоѓа пред некоја туристичка атракција, а не на место каде што се случила голема трагедија.Во текот на вчерашниот ден британската престолнина Лондон беше потресена од терористички напад во кој што четири лица го загубија животот, а над 20 беа повредени.
Напаѓачот најпрвин со автомобилот прегазил околу 10 лица и им нанел тешки телесни повреди, а потоа се забил во оградата во близина на Парламентот и нападнал полицајци со нож.

Спасувачките и безбедносните служби веднаш се упатиле на местото на терористичкиот напад, а во целиот метеж се нашол и еден човек чија што реакција ги згрози луѓето од целиот свет.