На дуелот од третата француска лига меѓу Ле Пуја и Вилефранчеа беше виден еден од најбизарните црвени картони, а го доби голманот на домашниот тим.
Беше досуден пенал за гостите кога голманот Јан Мариљат почна да скока и да ја удира пречката од голот. Целиот гол повеќе од 15-тина секунди се тресеше, па главниот судија реши усно да го опомене голманот дека треба да биде мирен и да не ја тресе целата конструкција од голот.
Само што се сврте судијата и се одалечи, голманот повторно почна да удира во пречката, па судијата реши да реагира.
Му покажа жолт картон на голманот, за кого ова беше втора јавна опомена и автоматски значеше црвен.
Toute la séquence du deuxième jaune de Marillat durant Le Puy – Villefranche. #NationalFFF
Le gardien est bien expulsé pour avoir bougé sur sa ligne et pour avoir fait trembler sa barre, pas pour des paroles. pic.twitter.com/h0fuf50pN5
— Thibault Auclerc (@ThibaultAuclerc) September 17, 2022