📸 Џенифер Лопез го одзема здивот во едноставен црвен фустан

од Stefanija Kuzmanovska

Пејачката и актерка Џенифер Лопез привлекува внимание каде и да се појави, а нејзините стајлинзи често се коментираат.

Таа сега ги воодушеви сите позирајќи во едноставен, но ефективен фустан.

Се работи за модел во црвена боја прилепен за телото. Кројот е едноставен и има ролка околу вратот, со интересна машна на неа.

Џенифер ја разби монотонијата со дискретни обетки, а комплиментите се слеваа под објавата.

„Прекрасна“, „Ти си божица“, „Еден од подобрите стајлинг“, се само дел од коментарите на ова нејзино издание.

Слични содржини