Студеното време и снежни врнежи предизвикаа економијата на Обединетото Кралство да изгуби најмалку 1,4 милијарди долари дневно, пишува  Гардијан.

Според публикацијата загубите на градежната индустрија за првите три студени денови од неделата изнесуваат 2,76 милијарди долари, поради фактот дека многу од работниците  отсустваа поради минусните температури

Лошите временски услови исто така ја парализираат работата на железницата и воздухот, а снегот доведе до блокирање на патиштата , што спречи многу луѓе да стигнат до своите работни места.

Затоа, многу продавници, кафулиња, ресторани и други услужни бизниси, како и институции за култура, забава и спорт беа празни.