Бизнисменот Давидовиќ: Вучиќ сакаше да ме убие

од Stefanija Kuzmanovska
560 прегледи

Контроверзниот бизнисмен и претседател на Народното движење, Миодраг Дака Давидовиќ, денес изјави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, стои зад обидот за атентат врз него и владиката Јоаникије во декември 2019 година во Белград.

– Атентот врз нас беше изведен од група која, според печатот од Србија, извршила многу недела. Таа е причина за многу несреќи, а главен организатор на сите егзекуции е Вучиќ – рече Давидовиќ.

Тој не го поткрепи ова обвинување на кој било начин и додаде дека претседателот на Србија наводно ангажирал „ботови“ за да го нападнат пред изборите во Никшиќ.

Ваквите изјави на Давидовиќ доаѓаат во светло на фактот дека рејтингот на Народното движење е исклучително низок, па затоа тој реши да се обиде на секој начин да го привлече вниманието кон себе пред изборите.

Слични содржини