Сопственикот на модниот бренд Луис Витон, групата ЛВМХ и музичката sвезда Ријана се согласија да ја затворат нејзината модна линија Фенти, помалку од две години откако беше промовирана.
Ова вчера го објави францускиот гигант за луксузни стоки. Во изјавата на ЛВМХ се вели дека колекцијата „ready to wear“ на брендот „Фенти“, со седиште во Европа, „ќе биде во мирување“ сè додека не се создадат подобри деловни услови.
„Ројтерс“ понатаму известува дека инвестицискиот фонд „Л Катертон“, поддржан од „ЛВМХ“, инвестирал во „Севиџ Х Фенти“, линија на долна облека. Амбицијата на двете групи и пејачката од Барбадос е сега да се концентрираат на растот и развојот на козметиката и шминката со исто име.
Станува збор за брендоѕ „Фенти Бјути“, лансиран во септември 2017 година. Веднаш се здоби со голема популарност затоа што е наменет за сите раси, за женски и машки пол.
Култен производ е основа за лице „Pro Filt’R“. Првично, имаше 40 нијанси на течна пудра, но понудата подоцна се прошири на дури 50, за секој тип и (под) тон на кожата.