Бизнисот “зеде воздух”- Грција достави план за реформи на доверителите

од desk3
113 прегледи

Во изминатата ноќ грчката влада претстави на своите меѓународни кредитори (ММФ, ЕЦБ и ЕК) полн и реален план за реформи, за да издејствува одблокирање на краткорочното финансирање на нејзината економија, соопшти денеска премиерот Алексис Ципрас.

Алексис Ципрас

“Синоќа целокупниот план беше претставен на доверителите”, изјави Ципрас. “Тој е реален и треба да ја изведе земјата од рецесијата и кризата со сиромаштијата”, додаде тој.

Грчкиот премиер не даде детали за предлозите на неговата влада, но прецизира дека “прашањето со концесиите ќе биде тежок”.

Изјавата на премиерот се случува во позадината на шпекулациите дека Атина е на пат да добие ултиматум од доверителите по четири месеци преговори за реформи во земјата, кои не постигнале никаков успех.

Во меѓувреме ЕК ја поздрави како позитивен чекор размена на документи меѓу Грција и нејзините меѓународни кредитори.

“Многу документи се разменуваат помеѓу институциите и грчките власти. Фактот дека документите беа разменети е добар знак “, изјави портпаролката на Европската комисија Аника Брејдхард.
Таа, сепак, предупреди дека е премногу рано да се зборува за договор меѓу Грција и ЕУ и ММФ, кој ќе деблокираа 37,2 милијарди евра, кои ќе и овозможат на Атина да ги изврши критични отплати во петокот.

Европската комисија одби да потврди директно дека добила план за реформи од Грција, кој премиерот Алексис Ципрас објави дека неговата земја го испратила синоќа.

Комесарот за економски прашања, Пјер Московичи изјави за француското радио вчера дека има “сериозен напредок” во преговорите со грчкиот долг, но се уште има многу работа да се направи.

Шефовите на ММФ и Европската централна банка во понеделникот одржаа разговори со лидерите на Германија и Франција. Доверителите во Европа и ММФ инсистира на поголеми реформи во замена за помош, барања кои владата на Грција одбива да ги прифати.

Атина има рок до петок да плати над 300 милиони евра на ММФ. Постојат стравувања дека Грција не располага со потребните средства и се соочува со банкрот.