На сила стапија нова мерка поради појавата на новата мутација на Ковид 19. Владата ја одобри предлог мерката од страна на Комисијата за заразни болести со која, се воведува задолжителна 14-дневна самоизолација во домашни услови за сите патници што по воздушен или копнен пат, директно или индиректно од други соседни земји пристигнуваат од Велика Британија во Северна Македонија.
Воедно во нашата земја вчера во земјава беше регистриран помал број на заболени лица со ковид. Од направени 591 тест забележани се 129 нови случаи,а починаа 22 лица .
Владата ги суспендираше авионите од Велика Британија и Северна Ирска
Владата на вечерашната седница ја донесе одлуката за забрана на сите авионски летови од Велика Британија и Северна Ирска во Македонија до крајот на годинава.
Оваа одлука е донесена по препрака на Комисијата за заразни болести.
-Со оваа одлука на Владата ќе биде задолжителна проверка на сите патници кои влегуваат на територијата на Северна Македонија од Велика Британија и Северна Ирска преку копнен граничен премин и на граничните премини на аеродромите во Скопје и Охрид и сите ќе бидат задолжително упатени во самоизолација од 14 дена, како и да пополнат пријава за влез во државата со податоци за местото на сместување, велат од владината прес-служба.
Здравствениот дом во Крушево
Почна со работа ковид лабораторијата за земање брисеви во Здравствениот дом во Крушево. Граѓаните повеќе нема да одат во другите градови за тестирање, туку во својот роден град. Закажувањето за тестирање се одвива преку матичните лекари и Мој Термин, а двајца вработени од оваа установа ја имаат поминато потребната обука. Во Крушево моментално има активни 70 случаи, а од почетокот на пандемијата заразени се 155 граѓани.
Вакцина против ковид
„Државата освен обезбедените средства за 833.000 вакцини, кои ги одвои, одвои и дополнителни еден милион евра за набавка на инсулини и да остане резерва, 60 милиони денари да се користат за набавка на дополнителни вакцини. Нашиот став е да не чекаме грантови и да платиме сами, со оглед на тоа што имаме средства за да побрзо ги добиеме вакцините“, рече Заев во врска со набавката на КОВИД-19 вакцините, додавајќи дека и грантовите се добредојдени, притоа споменувајќи го најавениот грант од Европската Унија од 70 милиони евра за земјите на Западен Балкан..
Во врска со набавката на вакцините против КОВИД-19, премиерот Заев одговори дека сите достапни вакцини ни стојат на располагање за набавка и покрај набавката преку КОВЕКС системот има можност и за директни преговори со производителите на вакцина и се бара решение како директно да се купат вакцините. Во оваа насока е можно по препорака на Бирото за јавни набавки да се најде начин или пак доколку е потребно Министерството за здравство, Министерството за финансии и Генералниот секретаријат на Владата ќе работат на членот на Законот за јавни набавки со поглавје „Ковид“ за набавка на вакцини, лекови и слично, транспарентно да може брзо да се изврши набавка.
„Третата можност е и набавка од соседите, Грција и Бугарија најавија директна поддршка при првите набавки за споделување со нашите граѓани, што е израз на големо пријателство и се заблагодарив лично“, рече Заев кој рече дека преговорите продолжуваат и со други европски земји.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 78434, бројката на оздравени пациенти е 55155, на починати е 2314, а бројот на активни случаи изнесува 20965.