Блас сподели некои прелиминарни спецификации за Galaxy S10

од Vlatko K
93 прегледи

Познатиот Еван Блас (@evleaks) објави во Twiter некои интересни прелиминарни детали за
следниот предводник на Samsung.

Според него Galaxy S10 ќе вклучува дупка во екранот за селфи камерата (веројатно тоа е
прикажаниот неодамна Innity-O
дисплеј), ултразвучен сензор за отпечаток на екранот и интерфејс
One UI врз основа на Android Pie.

Блас пишува дека уредот ќе вклучува три задни камери со стандардна, широкоаголна и телефото
оптика.

Се уште е рано да се зборува за прецизни спецификации, но имајќи ја во предвид неговата
репутација на солиден извор во индустријата, можеме да претпоставиме дека најверојатно тоа е
насоката во која работи корејската компанија, уште повеќе, дека дел од деталите се покриваат со
веќе познатото за телефонот.