Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс повторно ќе станат родители. Ѕвездите кои ревносно го чуваат приватниот живот, се појавија на филмската премиера на нов филм во Менхетен и сите ги вперија очите во малото стомаче на актерката, која видливо светна во сјаен жолт фустан.
Двојката веќе има две деца и прави сé што е можно за да ги скрие од центарот на вниманието. Не е ни чудо што третата бременост на Лајвли беше сочувана тајно со месеци.
Ѕвездата неодамна ја напушти нејзината филмска кариера, фокусирајќи се целосно на нејзиното семејство, пишува Енеус. Двајцата актери се решени да продолжат да ги штитат своите деца од славата и да им дадат можност да изберат свој начин на живот.
“И ние и мојот сопруг сме во бизнисот и знаеме кои се слабите страни на славата. Нашите деца немале можност да изберат дали да се познати или не, затоа со мојот сопруг ќе се обидеме да им дадеме максимум нормален живот и детство какво што не сме имале “.
https://www.instagram.com/p/Bw_Wz3GDxM2/?utm_source=ig_embed