Блинкен: Администрацијата на Бајден ја забави Кина да ја проекцтира својата воена моќ во светот

од Vladimir Zorba
295 прегледи

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден презеде дипломатски чекори кои ги забавија напорите на Кина да ја проектира својата воена моќ низ светот, изјави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен пред посетата на Пекинг кон крајот на оваа недела.

Блинкен на прес-конференција рече дека напорите на Кина на Куба се дел од глобалните напори на Пекинг да го прошири своето присуство во странство и дека американските активности за решавање на проблемот дале резултати за време на администрацијата на Бајден, без да прецизира какви се тие резултати, објави Ројтерс.

Кина денеска негираше дека ја користела Куба како шпионска база, како што претходно објави Волстрит журнал.

Слични содржини