Блинкен: Има „секакви индикации“ дека ракетата што ја погоди Голанската висорамнина била лансирана од Хезболах

од Vladimir Zorba
123 прегледи

Американскиот државен секретар Антони Блинкен изјави дека има „секакви индикации“ дека ракетата што ја погоди Голанската висорамнина била лансирана од Хезболах, јави Би-Би-Си.

Блинкен, исто така, рече дека САД стојат зад правото на Израел да ги брани своите граѓани и додаде дека прекинот на огнот во Газа би бил можност да се донесе трајно смирување на границата меѓу Израел и Либан.

Тој информира дека САД се во разговор со Израел и не сакаат да видат ескалација на конфликтот.

Израелските власти ја обвинија либанската милитантна група Хезболах, поддржана од Иран, за ракетниот напад врз фудбалскиот стадион во селото Мајдал Шамс на Голанската висорамнина, во кој вчера загинаа 12 лица, ветувајќи остра реакција.

Хезболах ја отфрли одговорноста за нападот, во кој меѓу жртвите најмногу се деца.

Слични содржини