Блинкен: Многу теми на состанокот на Алијансата, меѓу кои и ситуацијата на Западен Балкан

од Stefanija Kuzmanovska
237 прегледи

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека на состаноците на министрите за надворешни работи на НАТО ќе се разговара за ситуацијата на Западен Балкан, Украина, Газа и поширокиот Блиски Исток, како и за ситуацијата во азиско-пацифичкиот регион.

Тој во изјава за медиумите, заедно со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, пред почетокот на првиот состанок на министрите за надворешни работи на Алијансата, рече дека на дневен ред ќе има многу работи со кои се соочува Алијансата во последните години.

„Видовте во последните три години како НАТО се зајакна на многу важни начини за да одговори на предизвиците со кои се соочуваме заедно. Силно ќе ја потврдиме нашата поддршка за Украина додека таа продолжува да се бори против руската агресивна војна“, рече Блинкен.

Тој додаде дека е многу задоволен „бидејќи Хамас почна да ги ослободува заложниците кои се враќаат дома за да бидат со своите најблиски“.

Слични содржини