Блинкен: Она што се случува во Нигер не е поттикнато од Вагнер, но тие се обидуваат да го искористат тоа

од Stefanija Kuzmanovska

Руската паравоена група „Вагнер“ не предизвика нестабилност во Нигер, каде воената хунта ја презеде власта со соборување на демократски избраниот претседател, но ја користи ситуацијата, изјави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен за британската Би-Би-Си.

Минатата недела беше кажано дека водачите на државниот удар побарале помош од руската приватна платеничка армија „Вагнер“, за која се знае дека се наоѓа во соседен Мали, за да остане на власт доколку дојде до воена интервенција за која се заканува западноафриканскиот економски блок ЕКОВАС доколку не се повлечат за да се воспостави демократски поредок.

Во интервју за Би-Би-Си, Блинкен рече дека не мисли дека Русија или „Вагнер“ го предизвикале минатонеделното соборување и затворање на претседателот Мохамед Базум.

Тој рече дека САД се загрижени поради можноста „Вагнер“ да почне да дејствува бидејќи каде и да пристигнат „следувала смрт, уништување и експлоатација“.

„Мислам дека она што се случи, а што продолжува да се случува во Нигер, не е поттикнато од Русија или Вагнер, туку дека тие се обидуваат да го искористат тоа“, рече Блинкен и оцени дека „се повторува она што се случило во другите држави“ по пристигнувањето на таа група.

Шефот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, денеска на Телеграм ѝ порача на воената хунта во Нигер да го покани бидејќи, како што наведе, „секогаш сме на страната на доброто, на страната на правдата и на страната на оние кои се борат за нивниот суверенитет и правата на нивниот народ“.

Слични содржини