217
Државниот секретар на САД, Антони Блинкен, испрати писмо до шефот на дипломатијата, Бујар Османи, во кое честита 30-години независност и порачува дека САД се големи поддржувачи на Северна Македонија.
„САД се покрај вас додека вие продолжуватесо вашите напори за зголемување на просперитетот на сите ваши граѓани, унапредувајќи го владеењето на правото и засилувајќи ги вашите демократски институции. Северна Македонија, исто така, ја има нашата непоколеблива поддршка и кога станува збор за остварување на вашите аспирации за членство во ЕУ“, пишува Блинкен во писмото.