200
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и српскиот претседател Александар Вучиќ разговараа за важноста од преземање итни мерки за деескалација на тензиите со Приштина, по насилството на 24 септември и смртта на припадник на косовската полиција, објави Стејт департментот.
Блинкен подвлече дека одговорните за нападите кои сега се во Србија мора да одговараат, се нагласува во соопштението.
Тој ја изрази својата поддршка за акциите на КФОР и ЕУЛЕКС во одговорот на овој настан, истакнувајќи дека инцидентите како оние во близина на манастирот Бањска претставуваат неприфатливи предизвици за КФОР и меѓународната заедница и го поздрави зголеменото присуство на КФОР и одлуката на Северноатлантскиот совет да одобри испраќање дополнителни сили.