Блинкен: Во украинската контраофанзива вратени се половина од окупираните територии

од Vladimir Zorba
362 прегледи

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави денеска дека Украина вратила половина од територијата што првично ја зазеде Русија и дека украинските сили се соочуваат со „многу тешки борби“ додека се обидуваат да вратат уште повеќе територии контролирани од руските сили.

„Околу 50 отсто од териториите првично окупирани од руските сили веќе се вратени. Ова се уште се релативно рани денови на контраофанзивата. Тешко е. Контраофанзивата нема да заврши за една или две недели, туку за неколку месеци“, рече Блинкен во интервју за Си-Ен-Ен, пренесе Ројтерс.

Агенцијата оценува дека надежта дека Украина би можела брзо да постигне напредок и да ги натера руските сили да се повлечат згаснува бидејќи борбите против добро позиционирани, зајакнати и координирани руски сили се многу тешки.

Слични содржини