Блумберг: САД се подготвуваат за војна со Иран

од Nikola Popovski
19 прегледи

Американските претставници подготвуваат можен напад врз Иран во наредните денови, објави Блумберг, повикувајќи се на добро информирани неименувани извори.

Изворите велат дека дипломатските разговори се во тек, вклучително и планираниот состанок на министрите за надворешни работи на Велика Британија, Франција и Германија со нивните ирански колеги во Женева во петок.

Некои извори посочија дека е можно американскиот напад врз Иран да биде извршен во текот на викендот.

„Високи претставници во неколку федерални агенции, исто така, почнаа да се подготвуваат за напад“, рекол еден извор.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во среда јавно зборуваше за можен напад врз Иран, велејќи дека има „идеи што да прави“.

Часови претходно, Трамп рече: „Можеби ќе го направам тоа. Можеби нема да го направам“, кога беше прашан дали нападот врз Иран е неизбежен.

Ројтерс: САД преместуваат некои воени авиони и бродови од базите на Блискиот Исток

Американската војска премести некои авиони и бродови од базите на Блискиот Исток кои би можеле да бидат изложени на каков било потенцијален ирански напад, изјавија за Ројтерс двајца неименувани американски претставници.

Официјалните лица во среда изјавиле дека преместувањето на авионите и бродовите е дел од плановите за заштита на американските сили, но одбиле да кажат колку од нив биле преместени или каде.

Едно од официјалните лица порачало дека авионите што не биле во утврдени засолништа биле преместени од базата Ал Удеид, а воените бродови биле преместени од пристаништето во Бахреин, каде што е сместена Петтата флота на САД.

„Тоа не е невообичаена практика“, навел официјалниот претставник, истакнувајќи дека приоритет е заштитата на американските сили.

Одделно, амбасадата на САД во Катар утрово издаде предупредување со кое привремено го ограничува пристапот на својот персонал до воздухопловната база Ал Удеид, најголемата американска воена база на Блискиот Исток, која се наоѓа во пустината во близина на Доха.

Слични содржини