„Блумберг“ Северна Македонија следниот месец ќе добие датум за преговори со ЕУ

од Vladimir Zorba
154 прегледи

„Блумберг“ вчера објави дека постои голема веројатност следниот месец Европската Унија да одобри започнување на претпристапни преговори со Албанија и Северна Македонија, објави РСЕ.

Во интерниот нацрт-извештај до кој дошол „Блумберг“, а кој во петокот бил поделен меѓу министрите на ЕУ, во Луксембург на 15 октомври ќе се одлучува за старт на преговори за пристапување со владите во Тирана и во Скопје.

На почетокот на летото, Франција, Холандија, Данска и Германија се спротивставија  на отворање пристапни преговори, а новата Влада на Грција  иако не е задоволна од договорот постигнат со нашата земја, сепак не е во можност да го поништи истиот.

Слични содржини