„Блумберг“: Заразените го пренесуваат вирусот на скоро 6 лица

од Vladimir Zorba

Новиот коронавирус „ја помина“ Кина многу побрзо отколку што се сметаше порано, соопштија од американски истражувачки тим, кои сугерираат дека ќе биде неопходно широко распространето вакцинирање или имунитет за да се стави крај на пандемијата.

Секое лице заразено за време на епидемијата на Вухан веројатно го пренело вирусот на 5,7 други луѓе, покажа математичка анализа на Националната лабораторија во Лос Аламос.

Тоа е двојно повеќе од она што Светската здравствена организација и другите здравствени власти во светот го објавија во февруари, пренесува „Блумберг“.

Со оградување дека податоците сега се однесуваат само на кинеската епидемија, истражувачите велат дека доколку ова се покаже дека важи за остатокот од светот, ќе биде тешко да се контролира пандемијата на начинот на кој предвидуваа властите.

Според стапката според која биле направени пресметки во студијата за сузбивање на вирусот, околу 82 проценти од популацијата би морале да стекнат имунитет, без разлика дали со вакцинирање, или со прележување на вирусот, според тимот од Лос Аламос.

Владите ширум светот се обидуваат да најдат начини кога и како да излезат од седмиците на рестриктивни мерки, а во некои делови на Кина тие се повторно воведени.

Скоро еден милион и пол луѓе ширум светот се заразени со коронавирус, вклучително и неодамнешни случаи во Кина без типични симптоми на КОВИД-19, пишува Блумберг.

Слични содржини