БНТ е дел од етерот во Македонија: Каква е програмата на телевизијата?

од Nikola Popovski
422 прегледи

Од денеска за првпат во Македонија се емитува програмата на бугарската национална телевизија, како резултат на постигнатиот договор меѓу двете земји. Како што тогаш известија медиумите, во Бугарија, пак, треба да се реемитува сателитскиот канал на Македонската радио-телевизија.

Договорот за емитување на бугарската БНТ преку „Макс ТВ“ на „Македонски телеком“, беше постигнат кон почетокот на месец февруари, а истиот го договорија специјалниот пратеник во преговорите со Бугарија, Владо Бучковски, на средба со бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов, директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски, како и првиот човек на Телеком, Никола Љушев

На првиот ден од емитувањето, на дел од програмата, македонските ревулоционери биле претставени како бугарски.

На социјалните мрежи веќе се појавуваат првите реакции за тајмингот и содржината на програмата што се реемитува во Македонија. Трети март во Бугарија се слави како „Денот на oслободувањето од Отоманското Царство”, односно денот на националното обединување, кога во 1878 година е потпишан Санстефанскиот мировен договор кој предвидува создавање на Голема Бугарија.

Репертоарот на БНТ 4 продолжи со филм за комитите, гледан од бугарска гледна точка.

Слични содржини